Althea Light Mini е комплетна сува храна, формулирана за возрасни кучиња со прекумерна тежина од мали раси како и сениори кои имаат потреба од храна со нискокалорична вредност.
Алтеа носи квалитет во чинијата на вашето куче. Комплетна, урамнотежена, вистинска исхрана со висока хранлива вредност: протеини, јаглени хидрати, масти, витамини, влакна, минерали и природни елементи за да се гарантира редовна физичка и метаболичка активност на вашето возрасно куче.
Категорија: Супер Премиум
Карактеристики и својства
Природни состојки - Линиите Althea содржат само свежи и избрани состојки, за да му понудите на вашиот четириножен пријател здрав и вкусен производ.
Присуството на Омега 3 и 6 игра важна улога за здравјето на нервниот систем и кардиоваскуларната рамнотежа, а со тоа го стимулира имунолошкиот систем.
Јаболко - Извор на витамини А и Ц. Кората на јаболкото е богата со пектин кој може да го прочисти телото од иритирачки материи.
ФОС (фрукто-олигосахариди) - Фрукто-олигосахаридите, добиени од екстракт од цикорија и пулпа од репка, го промовираат развојот и одржувањето на цревната бактериска флора, благодарение на нивната нутрацевтска функција ја подобруваат ефикасноста на дигестивниот процес.
Леќата - Благодарение на адекватната комбинација на влакна, витамини и минерали,помагаат да се врати идеалната телесна тежина.
Лековити билки - Жалфијата има дигестивно дејство. Коњско опавче, богато со силициум диоксид, е одличен реминерализатор за кученца и постари кучиња. Артишокот има прочистувачки својства. Ориганото и рузмаринот се природни антиоксиданси. Althea officinalis има смирувачко дејство.