Услови за користење

ПОЛИТИКИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

За да направите нарачка од продавницата треба претходно да бидете регистрирани (да креирате свој кориснички профил). 


Политики за користење на системот за електронска трговија.
 
Со самиот пристап на интернет страницата на ЕКО ПОИНТ и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
 
ЕКО ПОИНТ ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
 
1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
 
ЕКО ПОИНТ ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ЕКО ПОИНТ не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
 
2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
 
ЕКО ПОИНТ ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ЕКО ПОИНТ за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.
 
3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ
 
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Македонска Пошта АД Скопје, Глобко Логистик Скопје, Карго Експрес, Спиди Деливери на адресата која е наведена во порачката.
 
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.
 
Поштенските трошоци се вклучени при нарачката во крајната цената на производот (доколку вредноста на производот надминува вредност од 2000 денари), а доколку вредноста на производот е помалку од 2000 денари (се наплаќа дополнителни 100 денари).

Hranazamilenici.mk не одговара и не врши замена на производ доколку миленикот одбива да ја јаде храната или појавува алергија, повраќање, течна столица и слично од причина што ваквите состојби се индивидуални и не се поврзани со квалитетот на прозиводите. 

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

 
4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

  • Доколку не сме во можност да Ви го доставиме нарачаниот производ, ќе Ви биде предложена соодветна замена, или во краен случај уплатените средства ќе Ви бидат вратени.
  • Доколку потрошувачот ја откаже нарачката, по добивање на известување за потврда за нарачката, а пред да се изврши достава, на потрошувачот ќе му бидат вратени средствата на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија (6% од уплатата).
  • Доколку е направен обид за достава а потрошувачот одбил прием на пратката, на потрошувачот, ќе му бидат вратени средствата на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија (6% од уплатата) и трошоците за достава во износ од 320 денари.
  • Доколку платена и потврдена нарачка не може да се испорача поради погрешни дадени податоци од страна на потрошувачот (неточна адреса, телефон, емаил), на потрошувачот, ќе му бидат вратени средствата на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија (6% од уплатата) и трошоците за достава во износ од 320 денари.

5.  НАГРАДНИ ПОЕНИ

За секоја нарачка купувачот добива наградни поени кои можете да ги користите при  следната нарачка.  

Доколку користите поволности од промоции (discount, вредносен купон, ваучер, наградни поени или гратис производ) во тој случај наградните поени не се доделуваат. 

  • 071 985 259 / 070 330 907
  • hranazamilenici@gmail.com

hranazamilenici.mk © 2024. UKION SHOPS