Додаток во исхрана кој се применува кај кучиња од мали раси и мачки со пореметена функција во зглобовите и ‘рскавиците, кој ги храни и одржува зглобните ‘рскавици, како би се сочувала подвижноста на кучињата и мачките. Се користи кај млади животни со проблеми во растот и кај стари животни со остеоартритис.
Состав:
Глукозамин хидрохлорид (250 мг)
- Глукозамин ја стимулира синтезата на гликозаминогликан (GAG), која е градлива материја на матриксот на ‘рскавицата.
MSM (Метил сулфонилметан) (120 мг)
- MSM е органско соединение на сулфур (сулфурот е потребен за да се формира сврзното ткиво). МСМ делува како аналгетик така што ги смалува нервните импулси кои пренесуваат болка. Научните истражувања покажаа дека има подобрувања во симптомите како што се болка, воспаление и оток кај пациенти кои користат МСМ во комбинација со глукозамин.
Хондроитин сулфат (80 мг)
- Хондроитин и хијалуронска киселина ја задржуваат водата во зглобната ‘рскавица, што ја прави флексибилна и отпорна на повреди и оптеретувања.
Хијалуронска киселина (10 мг)
- Хијалуронска киселина е една од двете главни компоненти на зглобните течности, со физички својства слични на гума. Вискозноста на синовијалната течност е обратно зависна од содржината на вода – помалку вода го прави повеќе вискозен, го намалува притисокот и ги олеснува движењата.
Манган сулфат (7 мг)
- Манганот е неопходен за синтеза на GAG и колагенот, овозможува вкрстено поврзување на колагенските влакна
Додатоци: Магнезиум стеарат
Дозирање:
Кучиња: 1 таблета на 10 кг ТМ дневно,
Мачки: ½ таблети на 5 кг ТМ дневно, или по совет со ветеринар.
Упатство за употреба:
ЗЗа орална употреба. ARTHROMAX small breeds може да ја давате цела таблета или пак да ја издробите и измешате во храна.