DOG ENERGY BOOSTER

DOG ENERGY BOOSTER

1.450 ден.
Потребни наградни поени: 140
Производител: INTERPET VET
Шифра на производ: 461
Наградни поени: 5
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:

Додатокот Dog Energy Booster за кучиња овозможува:

Побрзо и полесно формирање на мускулна маса на кучето со нормална исхрана.

Спречување на формирање на вишок масни наслаги кај кучињата.

Создавање дополнителна енергија во ситуации на интензивен тренинг или активност на кучињата.

 

Особини, дејство и состав:

Додатокот Dog Energy Booster за кучиња е наменет за големи и тешки раси за правилно формирање на дефиниција на телото, корекција на развојни проблеми со лоша исхрана и како енергетски додаток за време на обука и дресирање на работните кучиња.

  • МЕТИОНИН е есенцијална аминокиселина неопходна за синтеза на креатин, која учествува во создавањето на енергија и мускулна маса. Освен тоа, метионинот го подига нивото на глутатион, антиоксиданс кој се конзумира при интензивна физичка активност.

  • ЛИЗИН е една од дваесетте есенцијални амино киселини кои природно се наоѓаат во протеините од животинско потекло. Неопходен е за производство на антитела, хормони, ензими и сврзно ткиво. Тој е важен за правилен раст и развој на скелетот на младите кучиња, а важен е и за возрасните бидејќи помага во апсорпцијата и складирањето на калциумот, учествува во создавањето на колаген и други влакнести протеини неопходни за регенерација на ткивата.

  • ТРИПТОФАН е природен релаксант, помага при проблеми со спиењето, ја намалува анксиозноста кај кучињата, го подобрува имунолошкиот систем, го намалува ризикот од грчеви во мускулите на артериите и миокардот, а во комбинација со лизин го намалува нивото на холестерол.

  • ТРЕОНИН е важна состојка во протеините на колаген, еластин и енамел протеинот. Го спречува создавањето на масни наслаги во црниот дроб, ја подобрува функцијата на дигестивниот тракт, го подобрува метаболизмот и асимилацијата.

  • Л-КАРНИТИН се користи за зголемување на ослободувањето на енергија во случај на зголемен напор, интензивен тренинг, бидејќи со согорувањето на мастите се ослободува голема количина на енергија.

  • ТАУРИН го подобрува метаболизмот на гликозата и амино киселините, ги спречува катаболичките процеси и го забрзува закрепнувањето, неопходен е за рехидратација на клетките, им дава на клетките поголем волумен.

  • МСМ (метил-сулфонил-метан) е природен, јадлив облик на сулфур кој игра важна улога во формирањето на колаген, кератин, 'рскавица и еластин кои обезбедуваат флексибилност, форма и сила на мускулите, коските, зглобовите, внатрешните мембрани, кожата. , нокти.

 

АНАЛИТИЧКИ СОСТАВ

Состав 100 gr 1 Таблета (2000 mg)
Methionine 15 gr 350 mg
L-Lysine 20 gr 150 mg
Threonin 15 gr 250 mg
Tryptophane 30 gr 100 mg
L-Carnitin 30 gr 150 mg
Taurin 30 gr 100 mg
MSM 30 gr 100 mg

 

ДОЗИРАЊЕ: 1 таблета дневно на секои 10 kg телесна тежина (од 2 месеци до 5 години) од 15 до 45 дена.

На кучиња постари од 8 години давајте само во кратки периоди и по консултација со ветеринар.

 

Забелешка: Да се чува на суво место на собна температура, подалеку од дофат на деца.

 

Пакување: 90 таблети (1 Таблета = 2000 mg)

 

Производител: INTERPET VET - Р. Србија

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

  • 071 985 259 / 070 330 907
  • hranazamilenici@gmail.com

hranazamilenici.mk © 2024. UKION SHOPS
INTERPET VET DOG ENERGY BOOSTER Додатокот Dog Energy Booster за кучиња овозможува: Побрзо и полесно формирање на мускулна маса на кучето со нормална исхрана. Спречување на формирање на вишок масни наслаги кај кучињата. Создавање дополнителна енергија во ситуации на интензивен тренинг или активност на кучињата.   Особини, дејство и состав: Додатокот Dog Energy Booster за кучиња е наменет за големи и тешки раси з.. Category: Product #: 461 Regular price: 1.450 ден. 1.450 Available from: ЕКО ПОИНТ