Fidog Adult е комплетна и избалансирана храна за кучиња од средни и големи раси.
Оваа храна е специјално изработена за да ги задоволи нутритивните потреби на кучињата кои имаат умерена активност.
Преработката и балансот на скробот обезбедуваат максимална апсорпција на хранливите материи од цревата. Оптималното ниво на протеини и масти овозможува одржување на идеална телесна тежина, со што се избегнува непосакуваното зголемување на телесната маса кај кучињата.
Категорија: Премиум
Состав: месо и деривати од животинско потекло, житарки, деривати од растително потекло (пулпа од сушена репка 1,5%), свински и говедски масти, минерали.