Витамински концентрат за мачки со висока содржина на есенцијални аминокиселини, витамини, минерали, елементи во трагови, како идеален како додаток при исхрана на мачките со сурова храна.
Особено препорачлива за мачки кои се хранат со домашна храна, гравидни мачки, доилки, рековалесценти (опоравување од труења и тешки болести), како и мачиња во раст за правилен раст и развој на скелетот и мускулатурата.
Месото не е доволно!
Дури и најдоброто, свежо месо не е комплетно за да ги задоволи потербите од хранливи материи, а камоли зготвената, сушената или конзервирана храна.
Недостатоците во исхраната може да доведат до проблеми во развојот, ниски перформанси и на крајот загуби во размножувањето.
Мачките имаат невообичаено големи потреби за таурин за поддршка на различните функции на нивниот метаболизам. Редовното дополнително хранење со Catfortan е неопходно за да се избегне таурински дефицит.
Кај млади мачки го поддржува целиот развој и растот на коските и мускулите.
Catfortan содржи високо квалитетни есенцијални аминокиселини, витамини, минерали, елементи во трагови, квасец, пептони, растенија и хемоглобин.
Состојки: Аминокиселини, квасци, минерали, производи од млеко, зеленчук, алги, хемоглобин, семки.
Додатоци: таурин, витамин А, Б1, Б2, Б6, B12, витамин E, Ц, Niacinamide, Cholin chloride, фолна киселина, Calcium-D-pantothenate, бакар, манган, молибден, селен цинк и други елементи во трагови.